ELENA LUKA и Бисера Цуцулова со најдобра креација во светот: Во злато до титула

Изборите за мис, посебно оние најголемите се место каде мисиците, покрај својата убавина, го прикажуваат својот талент, вештини и стил.

Бисера Цуцулова, една од нашите најтрофејни мисици со над 20 интернационални учества, штотуку доби престижна и ласкава титула на елитниот избор за Miss Model of the world, што се одржа во Шенжен, Кина.

Имено, таа ја доби титулата Best in Evening Gown- Најдобра во вечерна тоалета, а носеше креација на најдобриот македонски моден бренд со интернационална слава- ELENA LUKA.

Креацијата е уникатна, има светски израз, облагородена е со златната боја (најчето победничка) со спцифичен горен дел, а во долниот ја следи линијата на телото и има шлиц. Изработена е по највисоки модни стандарди и не можеше, а да не биде приметена и наградена- и препознаена на светско ниво.

Честитки за Бисера и незиниот тим. Со оваа титула Македонија покажа дека кога ќе се спојат убавината и професионалната мода, резултатите се неизбежни.

Н.Т