Петок во светли тонови

За крај на оваа скратена работна недела предложуваме комбинација од светли тонови.

Петочки носиме кремави панталони и џемпер во иста боја, коишто ги спојуваме со макси капут во беж нијанса.

Вака стилизирани дополнуваме со крем чизми на платформа и мини црна чанта.

Ви посакуваме убав викенд.