Како најдобро да ја комбинираме бојата на годината

Меката, бела, неутрална нијанса, што годинава Pantone ни ја сервираше како боја на годината може да ја комбинираме на разни начини. Бојата Cloud Dancer симболизира смиреност, мир и ново почнување во забрзаниот свет.

Ова е првпат Pantone да одбере бело како боја на годината, што ја прави особено интересна и флексибилна за стилизирање.

Како да ја носиме?

Монохроматски аутфити
Носете облека целосно во Cloud Dancer, бело од глава до петици. Овој минималистички, но елегантен стил изгледа многу чисто и модерно, особено ако комбинирате различни текстури (плетиво, свила, памук).

Бело како основа
Ако не сакате целосно бело, користете Cloud Dancer како основа-бел тенок џемпер, кошула или панталони, па додајте акценти со подлабоки бои како кафеава, сива или дезен.

Јакни и капути
Наметките во оваа нијанса (капути, блејзери) се одличен начин да ја внесете бојата без да доминира целосно со аутфитот.

Аксесоари
Ако сè уште сте воздржани, започнете со аксесоари во Cloud Dancer, чанти, марами, обувки или oчила. Дури и бел лак за нокти во оваа нијанса носи свежина и тренди изглед.

Контраст и текстури
На оваа нијанса секогаш можете да додадете текстури и контрастен накит (на пр. златен накит, кожни детали, темни фармерки) за да изгледа поинтересно и стилски.