Презентерката и водителка Татјана Стојановска вчеравечер беше една од најзабележаните дами во Македонска Филхармонија.
Како и претходно, така и овојпат, најпознатиот модниот бренд ELENA LUKA создаде магија која Стојановска ја надополни со нејзиниот неодолив шарм и убавина.

Аристократската тоалета која ја носеше ја следи линијата на телото и целосно е направена од луксузна тантела која создава и мистичност и гламурозност.
Деколтето е умерно, а крајниот финиш го прават ракавите кои имаат прецизна техничка изведба.
И секако, црната боја е непогрешлив избор. Дава чувство на елеганција.
Н.Т