
Никој не очекуваше ваков Божиќ: Меланија Трамп го смени правилото на игра
Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се појавија облечени во целосно црно на нивниот официјален божиќен портрет.
Белата куќа во вчера ја објави фотографијата, на која претседателот е облечен во смокинг со бела кошула, а Меланија Трамп носи елегантен црн фустан. Обично минатите први дами секогаш за празникот се одлучувале за нешто светкаво, но не и таа. Повторно покажа дека е поим за стил и модна свесност.
View this post on Instagram
Фотографијата е направена на 7 декември во Крос Хол во Белата куќа. Првата дама ја избра темата „Домот е таму каде што е срцето“ за божиќната декорација на Белата куќа.
Ходниците на Белата куќа се украсени со повеќе од 25.000 стапки ленти, над 2.000 светлосни низи, повеќе од 120 ѓумбирни украси, над 2.800 златни ѕвезди, повеќе од 10.000 сини пеперутки и над 700 венци.
Белата куќа има 51 божиќна елка и 75 божиќни венци со потписот на Трамп. Венците имаат класични црвени машни и се закачени надвор од прозорците на Белата куќа.
View this post on Instagram
БЕЛАТА КУЌА ЈА ОТКРИ БОЖИЌНАТА ДЕКОРАЦИЈА СО ТЕМАТА „ДУХОТ НА АМЕРИКА“
Темата во Источната сала е „Домот е таму каде што е срцето: Америка, нашиот дом“. Просторијата е исполнета со патриотски украси во чест на претстојната 250-годишнина од потпишувањето на Декларацијата за независност.
View this post on Instagram
„Оваа сезона нè повикува и да размислиме за благословите што ги споделуваме“, се наведува во божиќната порака на Белата куќа. „Речиси 250 години, нашата нација растеше преку надежите и напорната работа на семејствата кои веруваа во нешто поголемо од самите себе. Нивниот пример нè инспирира и денес, особено за Божиќ, кога се собираме со најблиските за да ги прославиме верата, семејството и слободата што ја дефинираат нашата национална приказна.“