Јахта, Италија и Флорида: како изгледаше свадбата на легендарната Венус Вилијамс

Легендарната тенисерка Венус Вилијамс и актерот и продуцент Андреа Прети викендов организираа свадбена прослава во Флорида, неколку месеци откако се венчаа во Италија. Парот се одлучи за втора церемонија и славење, со цел венчавката да биде официјално признаена и во САД, но и да ја споделат радоста со најблиските пријатели и семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Според извештаите на странските медиуми, прославата траела шест дена и била организирана во интимна и опуштена атмосфера, далеку од гламурозни, масовни настани. Венус откри дека еден од највпечатливите моменти бил луксузниот подарок од нејзината сестра Серена Вилијамс.

„Серена ни подари прекрасна јахта и се погрижи за храната и целата организација. Бевме околу десетина луѓе – најблиските пријатели и семејството. Пеевме, танцувавме, разговаравме и едноставно уживавме во времето поминато заедно“, изјави Венус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Venus Williams (@venuswilliams)

Венчавка од соништата во Италија

Првата церемонија се одржала на 18 септември во Италија, земја која, како што вели Венус, отсекогаш ја замислувала како идеално место за свадба. Сепак, поради административните процедури и различното државјанство, официјализацијата на бракот во САД би траела со месеци.

„Сонот ни беше Италија, но документите можеа да потраат и до осум месеци. Затоа решивме да направиме уште една прослава во Америка“, објаснува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Venus Williams (@venuswilliams)

Љубовна приказна што започнала во Милано

Во интервју за Vogue, Венус зборува и за почетоците на нивната врска. Таа и Андреа се запознале во 2024 година на Модната недела во Милано, по што почнале редовно да комуницираат. По неколку состаноци, тенисерката почувствувала дека станува збор за нешто сериозно.

„По шест години поминати сама, не барав драми. Но, Андреа веднаш ми покажа дека е вистински партнер. По само неколку состаноци знаев дека ќе се венчаме“, признава Венус.

Романтична понуда далеку од очите на јавноста

Шест месеци подоцна, Андреа ја запросил на патување, во приватна и мирна атмосфера.

„Бевме на место со термални води, по цел ден релаксација и масажи. Вечеравме во собата кога ми рече да си замислам желба. Потоа извади прстен и ме побара за жена“, раскажува Венус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Preti (@andreapreti88)

Минимализам, елеганција и личен печат

Покрај забавата на јахта, парот организирал уште неколку мали собири. Венус променила неколку аутфити, а за главната вечер избрала долга бела венчаница од тантела со долг вел, во стил што, според модните медиуми, ја одразува нејзината препознатлива комбинација на класична елеганција и современ минимализам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Наместо раскошна церемонија, Венус и Андреа избраа интимна, лична и ненаметлива прослава, со фокус на блискоста и заедничките моменти — уште еден показател дека дури и најголемите спортски и јавни ѕвезди, во клучните животни моменти, бираат едноставност и искреност.