Низ зборовите на силните жени најчесто се крие искуство, храброст и доза животна мудрост.
Овие цитати не се само убаво срочени реченици, туку огледало на женската сила, стил и став. Тие потсетуваат дека вистинската елеганција не е во изгледот, туку во начинот на кој една жена стои зад себе.
Вивиен Вествуд
„Купувај помалку, избирај подобро, направи да трае.“
Мадона
„Подобро е да не си популарна, отколку да бидеш копија.“
Едит Пјаф
„Не жалам за ништо – освен за она што не сум го направила.“

Анџелина Џоли
„Ако не излезеш од комфор зоната, никогаш нема да откриеш колку си силна.“
Катрин Денев
„По одредена возраст, жената избира – или младост, или стил.“

Џејн Биркин
„Луксузот е да бидеш опуштена во својата кожа.“
Опра Винфри
„Претвори ги раните во мудрост.“
Фрида Кало
„Се сликам себеси затоа што најдобро се познавам.“
Грејс Кели
„Вистинската елеганција доаѓа од внатрешноста.“

Коко Шанел
„Едноставноста е клучот на вистинската елеганција.“
Одри Хепберн
„Елеганцијата е единствената убавина што никогаш не исчезнува.“
Мерилин Монро
„Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност, а подобро е да си апсолутно смешна отколку досадна.“
Лејди Дајана, (принцезата од Велс)
„Прави добри дела тивко, без да очекуваш признание.“
Софија Лорен
„Убавината е како се чувствуваш внатре – и тоа се гледа во твоите очи.“
Мишел Обама
„Нема ограничување за тоа што ние, жените, можеме да постигнеме.“
Вирџинија Вулф
„Нема ограда, брава или клуч што можеш да го ставиш на слободата на мојот ум.“