Новогодишната трпеза одамна не е само место за јадење. Таа е сцена каде што вкусот, деталите и атмосферата го раскажуваат вашиот стил.
Во најсвечената ноќ, масата зборува исто толку гласно колку и аутфитот, а концептот е од клучно значење.
Пред да поставите чинии и чаши, одлучете се во кој стил ќе уредувате.
Помеѓу најпопуларните празнични стилови, (од коишто можете да одберете) се вечната класика на црна и златна комбинација, смирениот и софистициран бел сервис, топлиот и свечен бордо сет и природниот стил со зеленило и златни детали.
Детали што прават разлика
Основни елементи на елегантна трпеза се чинии со чиста линија, кристални чаши, платнени салфети (не хартиени), прибор со металик финиш.
Она што треба да се знае е дека симетријата носи мир, а претерувањето хаос.
Кога зборуваме за декор на прво место ја ставаме светлината- свеќи во различни висини, топли, пригушени светилки и одбегнување на силните лед светла на масата.
Запомнете атмосферата треба да биде интимна, не театарска.
Најелегантните трпези користат декор од типот на зелени гранки (бор, еукалиптус), едноставни централни аранжмани и еден впечатлив елемент (свеќник, метална скулптура).
Цветовите и украсите треба да ја дополнуваат масата, не да ја покриваат.
Во однос на боите коишто изгледаат луксузно на фотографија, се црна, златна, сиво-бела, темно зелена, бордо…
Fashionel совет
Замислете ја трпезата како модна комбинација – масата е силуетата, чиниите се кројот, а декорацијата е накитот.
Кога трпезата е уредена со стил, славењето добива карактер.
Новогодишната трпеза е продолжение на вашиот стил. Таа покажува како размислувате, што цените и каква атмосфера сакате да создадете.
И токму затоа таа заслужува внимание како и новогодишниот аутфит.