Во време кога сè е гласно, најмоќниот стил избира тишина. Quiet luxury или тивкиот луксуз не е тренд, тоа е код на оние што не мора да се докажуваат.
Од деловните квартови инспирирани од Wall Street, до европските салони на моќ, луксузот денес се препознава по кројот, не по логото.
Што значи тивок луксуз во пракса?
Кога зборуваме за тивок луксуз во пракса мислиме на совршено скроени силуети, неутрални тонови и врвни материјали. Тука нема видливи логоа туку мода што се чувствува без да се чита.
Жената што е верна на овој тренд не влегува гласно, токму напротив, со нејзиното појавување просторот се смирува.
Како да го препознаеме тивкиот луксуз?
- Минималистички костум во бојата на слоновата коска, сива или песочна,
- Свилена кошула со чиста линија
- Палто со архитектонска форма
- Чевли со прецизна, но ненаметлива елеганција
- Симболичен накит

Што значат боите што го дефинираат?
- Беж и песоклива – интелигенција
- Слонова коска – чист луксуз
- Топла сива – стабилност
- Нежна црна– контрола без агресија

Во тивкиот луксуз сè што е премногу „модно“ – излегува од игра. Тоа значи дека класичните парчиња ја водат играта.
За материјалите важи истата приказна, а во овој стил своето место го наоѓаат волната со фина текстура, кашмирот, свилата, матовиот финиш…
Тивкиот луксуз значи дека облеката мора да трае и визуелно и вредносно.

Зошто овој тренд доминира?
Затоа што богатството повеќе не се покажува, моќта не се докажува, а стилот станува приватен јазик.
Вистинскиот луксуз не сака публика туку незабележливо поставува стандарди. Тој моден одраз на новата елита.