Новогодишна ноќ: Што да облечете за да блеснете со стил

Новогодишната ноќ може да се прослави на различни начини и различни места. Прослава дома, во ресторан, на гала-вечера, забава во клуб.

Токму затоа и аутфитот треба да ја следи атмосферата, а не трендот по секоја цена.

Ако се одлучите да прославите дома стилот треба да биде опуштен со мала доза на елеганција. На пример добар избор би биле свилена блуза и елегантни панталони, сатенски или сомотен сет во комбинација со минимален накит и нежна шминка.

Запомнете дека домашниот дочек не бара блесок туку вкус.

Доколку одите во ресторан или на свечена вечера одберете класична елеганција. Ова е моментот за вечерен гламур, но со мерка. Најсигурни избори за ваков тип на прослава се мал црн фустан, сомотен фустан во бордо или темно зелена, елегантен костум со женствен крој.

Ако се спремате за забава во клуб тука правилата се поопуштени. Секако стилот е се уште важен, па нашите предлози би биле фустани со кристали или светкав материјал, металик тонови, асиметрични кроеви и едно парче впечатлив накит.

Гала вечер или формален дочек е најсвечената варијанта. Тоа е ноќ кога модата станува изјава, па затоа во игра доаѓаат долг фустан со архитектонски крој, монохроматски изглед, луксузен материјал (свила, креп, органза), прецизен стил од глава до пети. Гала-изгледот не простува импровизација.

Без разлика каде славите изберете еден фокус, избегнувајте претерување и носете нешто во кое се чувствувате сигурно.

Стилот не е во тоа што го носите, туку како ја дочекувате Новата година.

Совршениот новогодишен аутфит е оној што ја почитува приликата, го одразува вашиот карактер и ве прави да се чувствувате свечено и самоуверено.