Иако секоја нова година носи свежа енергија, стилот останува најсилен кога е смирен, прецизен и промислен.
Во празничните денови пред нас, празничната естетика ќе се движи кон длабоки бои и богати материјали што зборуваат за зрел луксуз. Без разлика дали станува збор за парчиња облека или уредување на домот, ова се боите што ќе владеат.
Црна
Синоним за апсолутна класика и моќ. Ова е бојата со којашто секогаш имаме сигурна игра без разлика каде ќе ја примениме. Единствено треба да внимаваме на количината и нијансите со коишто ќе ја споиме.
Бордо
Нејзиното име не потсетува на топлина и софистицираност. Таа е толку длабока и динамична што и сосема мала доза асоцира на луксуз и префинетост.
Темно зелена
Оваа смирувачка нијанса е исто така една од боите за годината пред нас. Нејзиното присуство ни дава мир, а истовремени ни носи и елеганција.
Металик злато и сребро
Динамичните металик тонови на златна и сребрена ќе се носат, но во мали дози. Комбинацијата на неутрална основа со еден богат акцент е клучот за одличен изглед.
Во однос на материјалите ќе ги бараме оние што изгледаат убаво и на допир и на фотографија, како сомот, свила, сатен, и фина волна. Материјалот треба да ја држи формата и да ја носи светлината.
Празничниот ентериер пак се надоврзува на истите материјали и бои: текстил во сомот или лен, златни или бронзени детали, стакло, кристал, природно дрво…
Ентериерот треба да биде елегантен, но не и напорен.
Секогаш одбирајте една доминантна боја, еден луксузен материјал, еден впечатлив детаљ, сè друго е вишок. Вистинскиот празничен стил не блеска случајно тој е внимателно избалансиран.