Толку моќни: 10 комбинации на бои што многумина не се осмелуваат да ги носат

Модата е место во кое најмногу уживаат жените (и мажите) што сакаат модни експерименти. Секако, нема ништо лошо во верноста кон класиката, но некои дами едноставно не сакаат да играат на сигурно кога станува збор за стилот на облекување. Притоа, едни ќе бидат похрабри при изборот на кроеви, додека други ќе се препуштат на експериментирање со бои.

Овие комбинации ретко ќе ги видите во неутрални нијанси, бидејќи токму за нив се создадени највпечатливите бои. Со изборот на одредени бои можете да испратите порака за вашето расположение и/или личност, но и да влијаете врз другите луѓе. На пример, познато е дека зелената боја има смирувачко дејство, сината исто така делува смирувачки, додека портокаловата нè исполнува со енергија и нè разбудува.

Во моден контекст, визуелно најмоќните комбинации на бои се оние нетипичните, особено кога комбинираме интензивни нијанси што меѓусебно не се комплементарни.

Во секој случај, кога станува збор за игра со бои, правила нема. Но, доколку сте во потрага по навистина впечатливи комбинации, во продолжение следуваат десет комбинации што оставаат силен, моќен впечаток:

Розова и виолетова

Сина и жолта

Портокалова и зелена

Црвена и сина

Златна и бела

Жолта и розова

Зелена и сина

Портокалова и црна

Виолетова и зелена

Зелена и жолта

Н.Т