
Кога станува збор за легендарни моменти на црвениот тепих, стилските избори на нашите омилени А-листа ѕвезди најчесто се движат во неколку препознатливи категории. Тука се провокативните „голи“ фустани, раскошните креации со пердуви, целосно белите – речиси невестински изгледи, и секако, бесконечните варијации на класичниот мал црн фустан. Ниту една сезона на награди не минува без овие очекувани модни формули.
Но оваа година, фокусот се помести потсетувајќи нè на моќта на внимателно дозирана жолта боја. Од нежни, путер-жолти нијанси до впечатливи неонски тонови, жолтите свечени фустани го доживуваат својот момент под рефлекторите.
Сепак, немојте да помислите дека станува збор за нов тренд. Иако изминатите години постојано ја прогласувавме „путер жолтата“ за боја на моментот, доволно е да се навратиме малку подалеку од 2025 година за да стане јасно дека жолтата одамна е тајното оружје на холивудските ѕвезди на црвениот тепих. Уште од раните 2000-ти, кога имиња како Ферги и Бијонсе носеа фустани со едно рамо во сончеви нијанси, ѕвездите повторно и повторно ѝ се навраќаат на жолтата боја. Ако сè уште ви треба доказ, доволно е да го погледнете црвениот тепих на овогодишните Златни глобуси.
Во продолжение, се навраќаме на некои од највпечатливите жолти изгледи во историјата на сезоните на награди.
Никол Кидман, 1997

Жолтиот Диор фустан што Никол Кидман го носеше на доделувањето на Оскарите во 1997 година остана запаметен како еден од најлегендарните моменти на црвениот тепих.
Сара Џесика Паркер, 1999

На доделувањето на Еми наградите.
Рене Зелвегер, 2001

Актерката носеше винтиџ фустан на Jean Dessès на Оскарите.
Шерил Кроу, 2005

Пејачката се појави во препознатлив Roberto Cavalli од раните 2000-ти на Греми наградите.
Кејт Бланшет, 2005

Освојувајќи го својот прв Оскар за улогата во The Aviator, таа носеше фустан по нарачка од Valentino.
Пенелопе Круз, 2005

Пенелопе Круз блесна во путер-жолт Oscar de la Renta фустан на Оскарите.
Бијонсе, 2008

Пејачката носеше Stéphane Rolland на афтер-парти забавата по Греми наградите.
Ферги, 2008

Со минималистички, безпрекорен фустан без прерамки на Греми наградите.
Наоми Вотс, 2015

Во фустан по нарачка од Gucci и накит од Bulgari на Златните глобуси.
Леа Сејду, 2015

Актерката носеше златножолт Prada фустан на БАФТА наградите.
Натали Портман, 2017

Го откри трудничкиот стомак на црвениот тепих во Prada на Златните глобуси.
Виола Дејвис, 2017

Во фустан со едно рамо од Michael Kors Collection на Златните глобуси.
Клер Фој, 2019

Во Miu Miu на доделувањето на Златните глобуси.
Зендеја, 2021

Во фустан по нарачка од Valentino на Оскарите.
Ања Тејлор-Џој, 2023

Актерката носеше Dior дводелен комплет на Златните глобуси.
Амал Клуни, 2024

На Филмскиот фестивал во Венеција се појави во путер-жолт Versace фустан.
Аријана Гранде, 2025

Во Givenchy Haute Couture на Златните глобуси.
Чејс Инфинити, 2026

Во дводелен Louis Vuitton комплет на Critics’ Choice Awards.
Вунми Мосаку, 2026

Актерката носеше Matthew Reisman за своето трудничко појавување на црвениот тепих на Златните глобуси.
Ема Стоун, 2026

Во путер-жолт Louis Vuitton фустан на Златните глобуси.
Н.Т