
Светските модни медиуми со години повторуваат една иста порака: вистинскиот фустан не ја сокрива фигурата, туку ја обликува на најинтелигентен начин. Наместо борба со телото, модата нуди оптички решенија кои создаваат баланс, издолжување и леснотија во силуетата. Токму затоа, се издвојуваат три типа фустани кои визуелно ја прикриваат дебелината, а истовремено изгледаат елегантно, современо и женствено.
Wrap фустанот, односно фустанот со преклоп, е еден од најпофалуваните кроеви во светските едиторијали. Неговиот клучен адут е V-деколтето, кое визуелно го издолжува вратот и горниот дел од телото, додека преклопот создава дијагонална линија што го „крши“ впечатокот на ширина во пределот на стомакот и колковите. Ткаенината природно паѓа по телото, без стегање, а струкот се нагласува суптилно и природно.
Токму затоа, wrap фустанот е најелегантниот визуелен трик во модата, затоа што функционира на различни типови тело и во различни животни фази. За визуелна претстава, доволно е да се пребара кај македонскиот моден бренд ELENA LUKA, каде овој модел е прикажан во својата најчиста и највпечатлива форма.
Вториот модел што светските медиуми го препорачуваат е A-line фустанот, познат по својата архитектонска форма. Овој фустан е потесен во горниот дел и постепено се шири кон долу, создавајќи рамнотежа помеѓу горниот и долниот дел од телото. Визуелно го дефинира торзото, а во исто време не се лепи за стомакот и колковите, што го прави идеален за жени кои сакаат елеганција без нагласување на проблематичните зони.

A-line кројот се опишува како најбезбеден избор за чиста и софистицирана силуета, бидејќи создава форма без да ја следи буквално линијата на телото.
Третиот фустан е empire waist моделот, со висок струк поставен веднаш под градите. Овој крој го пренасочува фокусот кон најтенкиот дел од телото, додека остатокот од ткаенината слободно паѓа, создавајќи лесна и воздушеста силуета. Резултатот е визуелно подолга фигура и ефект на издолжени нозе, без нагласување на половината или стомакот.
Идеален избор за жени кои сакаат женственост без компромис со комфорот и самодовербата.
Не постои фустан што „слабее“, туку постои крој што знае да ја води линијата на телото. Wrap, A-line и empire waist фустаните не ја прикриваат женственоста, туку ја нагласуваат на најелегантен начин. Во нивната едноставност лежи силата- а вистинската мода, како што велат уредниците на Vogue, секогаш започнува со добра линија, а не со број на етикета.
Н.Т