
Во светот каде што стилот е исто толку важен колку и самиот талент, Маргот Роби постојано поставува нови стандарди. Таа не е само една од најталентираните и најзгодни актерки на својата генерација, со секој свој моден избор, Роби докажува дека има безвременски стил, остро модно чувство и храброст да носи парчиња што снимаат внимание на секој црвен тепих. Додека други само следат трендови, таа како вистинска модна икона ги обликува. Оваа недела, додека го промовира својот најнов филм, нејзиниот стил доминираше на светските модни страници, од историски накит до неверојатни haute couture креации што ја потврдија нејзината позиција на врвот на стилските листи.
Историски накит и драматични креации: Лос Анџелес
На најгламурозниот момент од својата промотивна турнеја, светската премиера на „ Оркански висови“ во Лос Анџелес Роби застана пред фото‑објективите во Специјална Schiaparelli couture тоалета, со корсетирано тело и драматичен долен дел во црно- црвено, која ја одразува готската романса на филмот.
Но вистинскиот момент за кој веќе пишувавме беше накитот: легендарниот Cartier „Taj Mahal“ дијамантски ѓердан, поврзан со Елизабет Тејлор, накит со богата историја што датира од Моголската империја и со векови се пренесувал како симбол на вечна љубов. Ова култно парче, подарено на Тејлор од Ричард Бартон за нејзиниот 40‑ти роденден, го издигна аутфитот на ново ниво на драмска естетика, совршено за женскиот лик што Роби го толкува во филмот.

Стилски гледано, овој избор не беше случаен: парчето е носено со намера да ја зајакне визуелната наративна нишка на „Оркански висови“, приказна за силни чувства, страсти и опсесија и со тоа ја подигна модната важност на самиот изглед.
Париз: 100 карати шампањ‑дијаманти и безвременска елеганција
Само неколку денови подоцна, на престижната премиера во Париз, Роби продолжи да го дефинира модниот разговор со уште едно екстравагантно појавување. Таа чекореше по црвениот тепих во специјално изработена Chanel креација, сочинувајќи комбинација од богато бордо кадифе со структурирано корсетирано тело и кринолина, што ја истакнува готичката романтична динамика на филмот.

Но токму изборот на накит повторно го украде шоуто: над 100 карати ретки „нуде“ дијаманти во чокер геедан и прстен од Lorraine Schwartz, кои го направија нејзиниот изглед апсолутен фокус на вечерта. Со винтиџ шик и современ естетски сјај, ова појавување ја потврди нејзината способност да балансира класична елеганција со современа драматичност.
Мода што раскажува приказни
Роби не само што бира облека што изгледа добро, таа избира парчиња што зборуваат. Историскиот накит од премиерата во Лос Анџелес и современите висококаратни дијаманти во Париз се повеќе од само додатоци, тие се визуелни точки што создаваат мост помеѓу темите на нејзиниот филм и модната култура на денешницата.
Според стилистите со кои соработува, чиј ранг вклучува имиња што работат со врвни ѕвезди, изборите на Роби се резултат на стратегиска модна филозофија или комбинација на драматична историја, современ тренд и безвременска елеганција.
Еве ги и другите нејзини изгледи во текот на неделата што ги носеше на разни настани:
На фото-сесијата за филмот во Лос Анџелес, облечена во Dilara Fındıkoglu, есен/зима 2025 ready-to-wear.
На фото-сесија во Spencer House во Лондон, облечена во John Galliano, пролет/лето 1992 ready-to-wear.
Во BBC Radio Studios во Лондон, облечена во Dilara Fındıkoğlu.
На премиерата на Оркански висови во Париз, во Sacré-Coeur, облечена во креација по мерка од Thom Browne
Зошто Роби е икона на стилот
Овие моменти на црвениот тепих не се само стилски, тие се визуелни лекции по мода. Маргот Роби успева да го направи она што малку други во Холивуд можат- да го спои историското значење, драматичниот израз и современиот луксуз во едно целокупно визуелно искуство. Нејзините избори оваа недела не само што ја истакнаа нејзината убавина и грациозност, туку и ја потврдија нејзината позиција како една од највлијателните фигури во светот на модата денес.
Н.Т



