Понеделник е за црна и беж

Понеделнички започнуваме со една од најкомбинираните спојки – црна и беж.

Нашиот денешен предлог се беж здолниште до колена и црна ролка. Комплетираме со беж јакна со крзнени детали, црн ремен и високи чизми на потпетица.

Стајлингот го заокружуваме со црни ракавици и чанта.

Ви посакуваме убав ден.