Мијата во креација на ЕЛЕНА ЛУКА со концерт во Филхармонија

Во средата, на 15-ти мај, нашата добро позната кантавторка Мијата одржа концерт во малата сала на Филхармонија. Овој своевиден музички перформанс се одржа во склоп на петтото издание на Скопски Градски фестивал, а беше во организација на Баги Комуникации.

Пејачката настапи во преубава креација од нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА која совршено прилегаше и со бохо-атмосферата на самиот концерт која беше исценирана како дневна соба, па присутните се чувствуваа како да се дојдени кај нејзе дома. Непосредно пред почетокот на концертот, имавме можност да поразговараме со Мијата и да ни ги сподели своите емоции за концертот, за улогата на нејзината мајка Драгица Мијатовиќ во нејзината кариера, но и за соработката со ЕЛЕНА ЛУКА.

“Со овој концерт, меѓудругото, сакам да им покажам на луѓето од каде потекнува мојата дарба и мојот глас, и затоа вечерва со мене ќе настапи и мојата мајка. Таа е метереолог во пензија и во животот нема направено кариера од гласот, но во мојот случај токму мајка ми е онаа која директно влијаела и ме стимулирала за пеење, ме запишала во музичко училиште и пред сѐ генетски ми го пренела гласот. Исто така, би сакала да кажам дека немам доволно зборови да ја изразам својата благодарност спрема ЕЛЕНА ЛУКА што се погрижи мајка ми вечерва да изгледа прекрасно, зашто кога се виде во креацијата од ЕЛЕНА ЛУКА се воодушеви и ѝ се смени ликот, а тоа е бесценето.” – ни изјави Мијата.

Ја прашавме и за креацијата што таа ја носеше за нејзиниот магичен концерт.
“Кога се подготвував за концертот и размислував за стилизирањето, решив да се обратам кај најдобриот пријател ЕЛЕНА ЛУКА. Навистина се трудам да има креативен израз на секој концерт и во секоја песна и не беше воопшто лесно да се избере креација која ќе ги опфати сите жанрови и сите песни. Но, изборот на крај сепак беше едноставен, кога е во прашање ЕЛЕНА ЛУКА, па се одлучив за една креација која е горен дел од фустан, а ја искомбинирав со пантолони. Резултатот е својствен за мене како личност и многу одговара со оној бохо стил и би сакала да упатам огромна благодарност до креаторите кои ми дозволија да ја персонализирам нивната визија. Креацијата од ЕЛЕНА ЛУКА совршено се вклопи во мојата идеја каде луѓето доаѓаат кај мене дома, а тоа е поентата на овој концерт, и на крајот сѐ излезе перфектно.” – додаде Мијата.

Меѓу гостите на концертот како Мухамед Ибрахими, Теодора Гошева – Капсарова, Александар Пешевски итн., на крајот на вечерта се појави и пејачката Нина Јанева, која со својот моќен глас прекрасно го надополни концертот, а којашто исто така носеше креација од ЕЛЕНА ЛУКА.

“Досега во мојата кариера не сум соработувала со толку добар и познат моден бренд како ЕЛЕНА ЛУКА, а откако неодамна станав и дел од маркетинг тимот на ЕЛЕНА ЛУКА, многу ми е значајно кога гледам што сѐ се прави во модното творење на ЕЛЕНА ЛУКА. Со својата уникатност, уникатниот дизајн и уникатната визија на ЕЛЕНА ЛУКА, мислам дека вечерва ќе биде одлична комбинација со концертот на Мијата, затоа што и јас и Мијата и нејзината мајка сме облечени во креации на ЕЛЕНА ЛУКА.” – ни сподели Нина.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.