Шпанскиот стил во уредувањето на домот е познат по својата топлина, живописни бои и природни материјали, кои создаваат атмосфера на удобност, елеганција и латино шарм. Овој стил е совршен за оние кои сакаат дом полн со живот и карактер, но истовремено и удобен за секојдневна употреба.
Боја и материјали
Во шпанскиот ентериер доминираат топли земјени тонови: црвена, жолта, маслинеста и кафеава. Ѕидовите често се во бела или крем боја, која ја нагласува светлината и ги истакнува шарените детали. Природни материјали како дрво, керамика, камен и теракота се задолжителни од подови и плочки до мебел и декорации.
Мебел и декор
Мебелот во шпански стил обично е масивен, дрвен и рачно изработен, со детални резби или метални акценти. Овој стил често комбинира дрвени маси со кожни или платнени фотелји, како и шарени керамички плочки или вази како украс на полици и маси. Текстилите се богати и шарени, перниците, теписите и завесите доаѓаат со геометриски или флорални мотиви што пак додаца топлина и живот во просторијата.
Архитектонски елементи
Шпанскиот стил често користи сводови и греди на таванот, кои даваат чувство на простор и традиција. Подовите од топла теракота или керамички плочки со орнаменти се класичен елемент кој ја поврзува целата просторија. Се користат и огледала со декоративни рамки, железни светилки и фендери кои додаваат винтиџ шмек.
Осветлување
За топла и интимна атмосфера, се користи амбиентално осветлување: метални лампи со бронзен или црн финиш, свеќи и фенери. Природната светлина е важна, затоа имаме големи прозорци со лесни завеси, додека топлите тонови ја нагласуваат бојата на ѕидовите и мебелот.
Зеленило и детали
Шпанскиот стил сака растенија и природни детали, големи зелени растенија во украсни саксии, цветни аранжмани и висечки садници. Керамичките плочи, рачно изработени садови и декоративни чинии се исто така идеални како детали кои го оживуваат просторот.
