Меланија Трамп повторно го привлече вниманието на модниот свет, но овојпат со гест што влезе во историјата на Белата куќа. Актуелната прва дама донираше дел од својот инаугурациски стајлинг во колекцијата на Националниот музеј на американската историја, каде што се чуваат најзначајните модни парчиња на првите дами.
Станува збор за впечатлива бела вечерна креација со црни детали што Меланија ја носеше на балот во 2025 година. Фустанот е дело на нејзиниот долгогодишен соработник, дизајнерот Ерве Пјер, а стајлингот беше дополнет со црн накит инспириран од дијамантски брош.
Она што ја прави оваа приказна навистина историска е фактот што Меланија сега има два инаугурациски фустани во истата колекција, што е вистинска реткост. Таа веќе претходно го донираше и фустанот од инаугурацијата во 2017 година, со што остави уникатна модна трага во американската историја.
На церемонијата Меланија зборуваше за значењето на модата и дизајнот, опишувајќи ја креацијата како „модерна, смела и достоинствена“, нагласувајќи дека модата може да биде форма на личен израз и дел од културното наследство.
Интересно е што за самиот настан таа избра елегантен црн стајлинг од европски модни куќи, што повторно ја отвори дебатата околу нејзината љубов кон европската мода иако често зборува за силата на американската модна индустрија.
Со овој потег Меланија Трамп покажа дека модата може да биде повеќе од облека, таа може да биде испише историја, да прати моќна порака и да стане дел од културниот идентитет.