„Зградата што се топи“: Архитектонски аларм кој сите треба да не засегне

На плоштадот пред една од најпрометните железнички станици во Европа, Gare du Nord, во октомври 2015 година се појави необична „зграда што се топи“. Ова не беше урбана грешка или неправилност, туку монументална инсталација на аргентинскиот уметник Leandro Erlich, создадена како дел од Париски фестивал Nuit Blanche и како визуелен коментар за наголемите предизвици на нашето време- климатските промени.

Со висина од околу 6,9 метри, „Maison fond“ претставува фасада на типична париска градба која изгледа како да се „стопила“, дел од приземјето исчезнува и како да се топи во тлото, оставајќи впечаток дека целиот објект се распаѓа под сопствената тежина. Оваа оптичка и архитектонска илузија е внимателно изработена и поставена така што веднаш го привлекува погледот на минувачите и патниците што доаѓаат и заминуваат од станицата.

Архитектура што зборува за климатски ризици

Инсталацијата беше дизајнирана непосредно пред Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, што во декември 2015 година се одржа во Париз. Таа е дел од пошироката уметничка програма на Nuit Blanche 2015, за првпат фокусирана на темата на животната средина, како начин да се повика јавноста да размисли за влијанието на глобалното затоплување во секојдневниот живот.

„Maison fond“ е инспирирана од архитектонски детал на зграда во стилот Directoire на улицата rue de Grenelle, но трансформирана на начин што ја нарушува вообичаената перцепција за структура и стабилност. Со оваа ремек-инсталација, Ерлих настојува да ја присили публиката да ги преиспита основните концепти што ги поврзуваме со „домот“, симбол на безбедност, стабилност и наследство. Покрај визуелниот ефект, името само по себе игра со фонетската сличност на францускиот израз Maison fond („дом што се топи“) и Mes enfants („моите деца“), потенцирајќи ја одговорноста што ја имаме кон идните генерации.

Градба, материјали и интеграција во урбаниот пејзаж

Како урбана инсталација, „Maison fond“ немаше внатрешна функционалност, но нејзината конструкција користеше реални материјали и техника што имитираа традиционална париска фасада, брик-зидови, панели и доминантна вертикална геометрија. Таа стана познато архитектонско „сценско дело“ што делува како да е на изградена нормална градба, но со ефект на делумно „растопена“ структура што навлегува во урбаната скала на станицата.

И покрај тоа што првично беше замислена како привремена инсталација на Nuit Blanche, поради интересот на јавноста таа остана поставена и подоцна стана дел од континуираниот урбан пејзаж на околината.

Симболика и современа архитектонска порака

„Maison fond“ не е само визуелен трик, тоа е архитектонски коментар за кревкоста на животната средина и за начините на кои нашите градежни достигнувања, кога се изземени од контекстот на одржливост, можат да бидат толку ранливи колку и самите климатски системи што ги окружуваат. Во епоха на пораст на нивото на морето, екстремни временски настани и урбани пресвртници, оваа инсталација ја искористи архитектурата како јазик- визуелен, директен и моќен за да провоцира размислување и дијалог, наместо само да „краси“ јавен простор.

Н.Т