
Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се појавија на традиционалната гала вечера во чест на гувернерите во Вашингтон, елегантен настан со строги формални стандарди, но стајлингот на Меланија повторно привлече големо внимание и разделени реакции.
Заедно со сопругот, кој ја избра класичната црно-бела смокинг комбинација, Меланија пристигна во поинакво модно издание од очекуваното- сребрени метални панталони со цветни детали од луксузниот италијански бренд Dolce & Gabbana (во вредност од околу 2.395 долари) комбинирани со црна блуза со долги ракави и панделка од истиот бренд, вредна приближно 2.245 долари, високи потпетици Christian Louboutin и ефектни дијамантски обетки.
Melania Trump wearing silver pants and stilettos with a black top at tonight’s governor’s dinner pic.twitter.com/EqAyVjlowF
— Emily Goodin (@Emilylgoodin) February 22, 2026
Иако комбинацијата беше стилски обмислена и визуелно привлечна, многумина ја окарактеризираа како неадекватна за „black-tie“ повод, традиционално резервиран за вечерни фустани до подот или класични комбинезони од луксузни материјали. Според водечките модни стандарди, „black-tie“ дрескодот обично подразбира формални вечерни креации – што ја создаде основата на дебатата околу нејзиниот избор.
„Black tie не значи дискотека“ беше само еден од критичките коментари што се појавија на социјалните мрежи, додека други го опиша изборот како „непримерен за ваков настан“. Некои коментатори дури споредуваа стајлингот со несоодветни ситуации, додавајќи дека очекувале повеќе вечерен изглед.
Сепак, реакциите не беа еднонасочни. Дел од јавноста застана во нејзина одбрана, нагласувајќи дека Меланија избра современа и самоуверена интерпретација на вечерна мода, потенцирајќи дека панталоните можат да бидат елегантна алтернатива на долги фустани. Поддржувачите напишаа дека изгледот е „класичен, модерн и со стил“, и дека првата дама одлучила да се изрази на свој начин, наместо да следи етикета.
Овие реакции се дел од подолг контекст во кој Меланија Трамп редовно предизвикува внимание со своите модни избори – од класични, неутрални силуети до понекогаш поразлични и контроверзни комбинации со светски брендови како Dolce & Gabbana, што ја прави една од најобјавуваните фигури на модната сцена и надвор од политичките окviri.
Контекст и значење во модната јавност
Стилот на Меланија често е предмет на анализа, бидејќи нејзините појавувања на јавни настани имаат тенденција да ги поттикнуваат дебатите за тоа што значи современа и формална вечерна мода – дали тоа е строго следење на традицијата, или пак обновување на класичните правила со современ, индивидуален израз.
Овој случај повторно ја отвори темата за тоа како модата на високо ниво се толкува и прифаќа на официјални настани, особено кога станува збор за профили како првата дама, чиј избор може да инспирира… или да предизвика поделени мислења.
Н.Т