Како една од најдинамичните и најиновативни индустрии, градежништвото постојано се развива во насока да ги подобри издржливоста, ефикасноста, заштитата на животната средина и економичноста на изградбата. Денес, многу од новите материјали веќе не се само концепти, туку реално се користат во градежни проекти ширум светот.
Биобетон и биоматеријали
Еден од најновите трендови е развојот на биобазирани материјали, како новоразвиениот „Corncretl“, материјал кој е алтернатива на конвенционалниот бетон. Тој користи производи од пченка и отпад богат со калциум од обработка на храна, што овозможува намалување на јаглеродните емисии дури за 70% . Овој материјал веќе е предмет на практични прототипи и се тестира во архитектонски проекти.
Фунги-панели (Mycelium)
Во Кенија и други земји, се развиваат панели изработени од мицелум – „коренестата“ структура на печурките, споена со природни влакна и агро-отпад. Oвие панели веќе се употребуваат за изолација, ѕидни елементи и декоративни површини, нудејќи одржлива и биодеградирачка алтернатива на традиционалните блокови.
Дрвени и обновливи материјали
Еден од најголемите трендови во модерното градежништво е користење на масивно дрво споено во панели (Cross-Laminated Timber). Овие CLT панели се издржливи, лесни за монтажa и имаат поголем позитивен ефект врз животната средина затоа што складираат јаглерод, наместо да го ослободуваат. Овој материјал се користи и во големи урбани проекти, како што е „Wood City“ во Шведска, каде градбите главно се градат од дрво со намалување на емисиите.
Рециклирани пластични материјали
Пластичниот отпад, кој е голем проблем за екологијата, денес се претвора во градежни елементи, панели и други компоненти за објекти. Овие материјали се отпорни на влага, корозија и мувла, а истовремено се лесни и издржливи.
Бетонски и индустриски отпадни материјали
Се развиваат технологии кои користат индустриски отпад (на пр. користен песок) за да се произведат цврсти и еколошки ефективни тули, плочки и блокови. Ова не само што намалува отпадот, туку и ја штеди природната почва и други суровини.
3D печатење и дигитални технологии
Еден од најинтересните практични пристапи денес е 3D печатењето на објекти, со што се намалуваат трошоците, отпадот и времето за градба. На пример, се изградија и 3D-печатена куќа направена главно од глина, што покажува дека локални природни материјали може да се комбинираат со најнова технологија.
