Враќањето на костумот „Ле Смокинг“: YSL го осветлува шоуто на Париската модна недела

Ентони Вакарело ја одбележува деценијата на чело на модната куќа со зајакната верзија на класикот на Ив Сен Лоран

Најпознатиот костум во светот, „Ле Смокинг“ на Ив Сен Лоран, се врати на париската писта 60 години по неговото создавање.

Создаден од покојниот кутурие за мажи, за носење во собите за пушење како заштита од мирисот на цигари, Сен Лоран го прилагодил за жени, стеснувајќи ги панталоните и реверите. Првично, не беше голем комерцијален успех, од неговата колекција од 1966 година се продаде само еден примерок но подоцна стана глобален симбол на моќното облекување и рушењето на родовите стереотипи, и се појавуваше во секоја колекција до пензионирањето на Сен Лоран во 2002 година.

На отворањето на Париската модна недела, 14 модели носеа креации за 2026 , секој со рака неформално ставена во џеб. Тековната верзија, адаптирана од дизајнерот на Сен Лоран, Ентони Вакарело, кој ја одбележуваше деценијата на чело на куќата, не следеше класичното тесно кроење кое беше заштитен знак на Сен Лоран, туку наликуваше на изглед од 1980-тите во стилот на Wall Street, комбиниран со максимален накит и шминка инспирирана од видеото „Addicted to Love“ на Роберт Палмер.

Некои костуми имаа речиси невидливи риги, но повеќе потсетуваа на светот преполн со долари на Wall Street отколку на Нигел Фараџ. За да се истакне темата на моќното облекување, делот на палтата вклучуваше огромни јакни од плетено овчо крзно и високи потпетици.

И покрај вниманието кое привлекуваше шоуто во модернистички стаклен „апартман“ пред Светскиот културен центар осветлен со 20.000 светилки, на првиот ред беа Кејт Мос и Мишел Фајфер, како и реплика од биста која Сен Лоран ја чуваше во својот дом. Меѓутоа, актуелните настани влијаеја на расположението, премногу материјалистички прикажувања на моќ и богатство не се најсоодветни во моментот.

Но, Париската модна недела, најголемата од „големата четворка“, е огромен финансиски и културен настан за француската престолнина.

Во понеделникот, Паскал Моранд, извршен претседател на Федерацијата на висока кутура и мода, изјави за новинарите дека нема да има „откажување или промена“ на календарот, кој трае до следната недела, и додаде дека остануваат „многу внимателни кон ситуацијата“.

Според Керинг, конгломератот кој ја поседува YSL, ланските годишни приходи биле околу 2,6 милијарди евра, што е пад од околу 8% во однос на претходната година. Сепак, модната куќа останува еден од најголемите извозни производи на Париз, вели Сајмон Лонгланд, директор за модно купување во Харродс. „Иако поширокиот пазар е нестабилен, брендот покажува отпорност и подобрување,“ вели тој. Луѓето, додава, сè уште купуваат.

Модата сака да се гледа како одраз на културата, но исто така е и за аспирација и фантазија, за облекување за светот што го посакувате, а не само за оној што навистина го имате.

Н.Т