Меланија Трамп пристигна со робот која се движи и зборува: Шок на самитот

На отворањето на глобалниот самит „Поттикнување на иднината заедно“ во Белата куќа во Вашингтон, вниманието не беше насочено само кон светските лидери односно првите дами и дипломатскиот протокол, туку и кон еден неочекуван гостин- хуманоиден робот кој внесе нова димензија во настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus)

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на свеченото отворање се појави во придружба на напреден робот со назив „Фигур 3“- технолошко достигнување што веднаш го привлече вниманието на присутните. Роботот, со елегантен црно-бел дизајн и изразено „човечко“ движење, не беше само визуелен ефект, туку активен учесник во програмата.

Додека дел од гостите, меѓу кои француската прва дама Брижит Макрон како и сопругата на Македонскиот премиер Христијан Мицковски- Рози Мицковска со љубопитност го набљудуваа, роботот самостојно се претстави пред публиката, нагласувајќи дека е развиен во САД како дел од новата генерација интелигентни асистивни технологии.

Самит со силна порака за иднината

Самитот „Поттикнување на иднината заедно“ обедини политички лидери, технолошки иноватори, бизнис-магнати и академици од целиот свет, со фокус на вештачка интелигенција, одржлив развој, технолошка етика, иднината на трудот

Организаторите имаа јасна намера, да покажат дека иднината не е апстрактен концепт, туку реалност што веќе се случува токму пред очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus)

Каков е роботот „Фигур 3“?

„Фигур 3“ припаѓа на нова генерација хуманоидни роботи дизајнирани да функционираат во реални човечки средини. Според достапните информации има напредни моторни функции што овозможуваат природно движење, користи вештачка интелигенција за комуникација и интеракција, способен е за автономно однесување во контролирани услови, дизајниран е за помош во индустрија, логистика, па дури и јавни услуги.

Неговото присуство на ваков настан не е случајно, тоа е демонстрација на технолошка моќ и амбиција.

Симболика или спектакл?

Потегот да се вклучи робот во ваков дипломатски контекст беше различно оценет од јавноста и експертите. Позитивни реакции во смисла на иновативен и храбар чекор, јасна порака дека САД се лидер во AI технологијата, ефективен начин да се привлече глобално внимание. Критиките беа од дел од аналитичарите кои го оценија сето ова како „PR спектакл“, се отворија прашања за етичката употреба на AI, некои сметаат дека технологијата засенува суштински теми.

Кога дипломатијата се среќава со технологијата

Присуството на „Фигур 3“ покрај Меланија Трамп не беше само визуелен момент, туку внимателно конструирана порака- иднината на глобалната политика ќе биде неразделно поврзана со технологијата.

Со овој потег, самитот не само што отвори дискусии за иднината, туку ја донесе директно на сцена.

Н.Т