Загуби 80 % од слухот на левото уво. Засекогаш! Хали Бери, жената која го победи Холивуд

Беше толку убава што ја избраа за кралица на матурантскиот бал, а потоа и мис. Толку талентирана што освои Еми, Златен глобус и Оскар. Но пред да стане првата жена со темна кожа во историјата со Оскар во рацете, Хале Бери беше девојче кое во темнината броеше удари.

Растеше во Кливленд, во куќа што соседите ја нарекуваа „пристојна“. Но зад тие ѕидови, нејзиниот татко Џером беше нем воин со шише вино во рака. Хали и нејзината постара сестра Хајди се криеле додека нивната мајка Џудит паѓала по скалите. Удари. Вресок. Тишина која следуваше по ударот, често беше најлошата.

Родителите се разведоа кога Хали имаше само четири години. Мајката, психијатриска сестра, сама ги подигаше двете ќерки. Парите беа проблем, но нешто многу поважно од парите никогаш не беше загарантирано- чувството на сигурност.

Години подоцна, Хали Бери повеќе не беше девојчето што набљудува. Беше жена во врска каде насилството го повтори истото што го носеше од детството. И тогаш дојде моментот кој засекогаш ја промени – буквално.

Ударот беше толку силен што ѝ го проби ушното тапанче.

Крвта, како што самата раскажа, прскаше по таванот на нејзиниот стан. Загуби 80 проценти од слухот на левото уво. Засекогаш.

Никогаш јавно не го изговори името на мажот кој го направи тоа. Но, години подоцна, стоејќи на сцена пред илјадници луѓе, таа изговори реченица која одекна многу посилно од ударот што ја оглуви:

„Само кога завршив во насилна врска и крвта прскаше по таванот на мојот стан – сфатив дека морам да го прекинам кругот.“

Си замина. Не полека, не внимателно. Побегна. Подоцна ќе рече дека заминала толку нагло што на подот останале „траги од гребење“ – потврда за бегство без да се сврти.

Но, слободата се покажа дека не беше крај на приказната. Тоа беше само почеток на друго, исто така сурово поглавје.

Бидејќи само неколку години подоцна, Хали Бери повторно ќе застане пред олтарот. Овој пат со човек кој не креваше рака на неа, туку на друг начин рушеше – тивко, систематски, предавнички. И додека нејзиниот брак со пејачот Ерик Бенет тонеше во неверство и зависности, таа истовремено работеше улога која ќе ја однесе на врвот на светот.

Улога за која многумина мислеа дека е нејзина шанса конечно да избега од сè што ја прогонувало.

Но таа вечер, на 24 март 2002 година, кога го слушна своето име на доделувањето на Оскарот, Хали Бери не застана на сцената само како актерка. Стана како девојчето кое ја криеше главата под перница. Како жена чија крв прскаше по таванот. Како сите оние жени пред неа кои чукаа на врати што никогаш не им беа отворени.

Тогаш, во солзи, ја изговори една по една имињата на жените кои морале да поминат низ оган за таа да застане таму каде стои.

И потоа изговори нешто што дваесет години подоцна ќе звучи како триумф и како обвинение истовремено:

„Овој момент е за секоја безимена жена на која вечерва ѝ се отвораат врати.“

Она што никој тогаш не го знаеше – тие врати за друга жена по неа се затворија. И останаа затворени.

А Хали Бери, жена која го загуби слухот, која побегна од пеколот на насилство, која го победи Холивуд, денес вели дека на тој трон се чувствува… Само. Иако мажена, иако има деца… Луѓето немаат вистински слух за сето она што се случува зад затворени врати. Неправдата- е таа боли!

Н.Т