Со право може да се каже дека Fallingwater е една од најфасцинантни куќи во светот. Ова архитектонско ремек дело е дизајнирано од американскиот архитект Френк Лојд Рајт во 1935 година.
Градбата се наоѓа во Пенсилванија, САД, точно над водите на природниот поток наречен Bear Run, што ја прави единствена и архитектонски впечатлива. Поставена е токму над водопадот, создавајќи неверојатен ефект на хармонија со природата.
Куќата била нарачана од богат трговец, а Рајт ја завршил градбата во 1937 година. Таа веднаш станала архитектонска сензација, дел од модернистичкото движење.
Наместо да ја гледа водата одстрана, архитектот ја интегрирал во домот на тој начин што звукот и движењето на водопадот станале дел од секојдневниот живот во куќата.
Fallingwater е пример за дизајн кој се обидува да ги поврзе природата и човекот во хармонија. Куќата е изградена од локален камен, бетон и стакло, а боите се избрани да се совпаднат со околината. Балконите и терасите изгледаат како да „висат“ над водопадот, користејќи посебна техника на инженерско потпирање.
Големите прозорци и отворените простори создаваат чувство дека внатрешноста и надворешноста се едно, а природата е дел од секој агол на домот.
Денес куќата функционира како музеј и привлекува стотици илјади посетители секоја година. Во 2019 година, таа стана дел од светското наследство на UNESCO, заедно со други дела на Рајт.