ЕЛЕНА ЛУКА- НАГРАДА ЗА ЛИДЕР ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ШТО ГРАДИ ВРЕДНОСТ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ

Таа го носи името ELENA LUKA како симбол на успех, визија и непоколеблива страст.

Таа е дамата од насловната на FASHIONEL за април, 2026 година.

Таа е поим за храброст, сила, истрајност, чекор пред времето, лидерство.

Таа е Елена Лука!

Основачката и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, г-ѓа Елена Лука ќе ја добие престижната награда „Марили“ за најуспешна жена менаџер во градежнижтвото – признание за 30 години работење во оваа област што инспирира генерации. По 3 децении градежништво, а вкучително и мода и филантропија, со секоја креација и секоја градба, таа гради свет во кој елеганцијата, креативноста и посветеноста стануваат трајни вредности, а секој проект и секој фустан носат печат на извонредност и беспрекорен вкус.

Наградите „Марили“ ги слават најуспешните жени менаџерки и нивниот придонес во бизнисот и општеството. Преку оваа иницијатива на Агенција Марили која оваа година исто така слави 30 години, се афирмира женското лидерство, се поттикнуваат нови генерации и се истакнуваат приказни на успех, визија и посветеност. Манифестацијата ќе се одржи во средината на април, каде Елена Лука и свечено ќе ја прими наградата, како признание за една кариера што ги преминува границите на професионалното и инспиративното.

Во време кога успехот се мери со трајни вредности, визија и влијание, брендовите на ELENA LUKA се синоним за извонредност, луксуз и иновација. Г-ѓа Елена Лука е жена која не само што создава, таа инспирира, води и поместува граници, спојувајќи мода, архитектура и бизнис во една силна и препознатлива приказна која ги плени и локалната и меѓународната сцена.

Со повеќе од три децении активна работа, таа се вбројува меѓу највлијателните жени менаџери во Македонија и регионот, градејќи империја што ја опфаќа модата, градежништвото и животниот стил. ELENA LUKA GROUP денес претставува симбол на сигурен квалитет, бескомпромисна естетика и врвна професионалност, водена од визија која постојано ги поместува границите и создава трендови.

Со формирањето на ELENA LUKA HOME, Елена Лука ја пренесува модната естетика во архитектурата, создавајќи современи, премиум објекти кои не се само градби, туку стил на живеење и уметничка изјава. Под нејзино водство, компанијата поставува нови стандарди во градежништвото, со иновативен дизајн, врвни материјали и архитектонски решенија што оставаат траен белег во урбаниот простор, инспирирајќи нови генерации архитекти и креативци. Таа всушност е една од ретките жени во регионот која рамо до рамо стои со најголемите изведувачи кои се мажи.

Станбено- деловните простори пленат со изведбата, како внатрешно, така и надворешно. Секој е објакт е внимателно смислен, практичен, функционален, по светски стандарди и квалитет кој трае.

Всушност дом! Топол дом, место за живот, инвестиција која ја добива друга димензија- не само простор. За тоа зборуваат и   Business Homes, Twins, Connect 5, 2 Melody, Connect 5+, Futura Complex- Futura 1, Futura 2, Futura 3-4- сигурна потврда за квалитет, квалитетна градба и долгорочна стабилност.

Но нејзината визија не застанува тука!

Брендот ELENA LUKA брзо се позиционира како еден од водечките модни брендови во регионот, препознатлив по автентичен, авангарден и уметнички израз. Неговите колекции се синоним за висока мода, луксуз, прецизна изработка и безвременска елеганција – креации во кои секој детал е внимателно осмислен, а секој фустан раскажува приказна на стил, хармонија и моќна женска енергија. Со проширувањето на Блискиот Исток, посебно Дубаи и Доха, интернационалниот успех само уште повеќе се зацврстува, потврдувајќи ја нејзината визија како глобален лидер во модата.

Елена Лука е препознаена не само како успешен бизнис лидер, туку и како жена со силна хуманитарна и општествена мисија. Како филантроп, ментор и инспирација за многумина, таа континуирано вложува во заедницата, поддржувајќи иницијативи кои имаат за цел подобрување на општеството, охрабрување на млади таленти и афирмација на жените во лидерски улоги.

Јубилејното признание за најуспешна жена менаџер во градежништвото е повеќе од награда, тоа е потврда за една кариера изградена со визија, дисциплина и страст.  Елена Лука не само што слави успех, таа слави наследство.

Наследство на жена која создава, гради и инспирира, која поставува стандарди, преминува граници и ја носи Македонија на светската сцена на градежништвото и модата.

Н.Т