
Модата се враќа кон гламурот многу често, но во последно време во современа, пречистена форма. И во тој правец, македонскиот моден бренд ELENA LUKA повторно поставува стандарди. Нивната најнова креација- сетот Opulent Collar Blazer & Satin Tailored Pants моментално важи за едно од најбараните парчиња на сцената, токму поради трендот на материјали со суптилен, луксузен одсјај што доминира во светските модни кругови.
Овој ансамбл не е само уште еден елегантен костим туку тој е внимателно осмислена модна приказна. Блејзерот со нагласена, преголема шал-јака внесува драматика и архитектонска строгост, додека струкираниот крој ја истакнува силуетата со прецизност и женственост. Централниот акцент, кристалниот брош како затворач додава доза на софистициран сјај, претворајќи го целиот изглед во вистински „statement“ момент.
Панталоните, изработени од сатен со прав, чист пад, се надоврзуваат на горниот дел со беспрекорна линија. Нивната едноставност е намерна, тие се контрапункт на драматичниот блејзер, создавајќи балансирана, но впечатлива целина. Токму сатенот, како материјал што игра со светлината, е клучниот елемент што ја прави оваа креација толку актуелна и посакувана.
Достапен во бела, црна, ментол и нежно розова нијанса, сетот нуди разновидност што лесно се адаптира на различни стилови и пригоди. Може да се носи како комплет за силен, самоуверен изглед, но и да се комбинира одделно, блејзерот како централно парче во вечерни комбинации, а панталоните како основа за дневна елеганција.
Она што ја издвојува оваа креација е нејзината функционална елеганција. Таа подеднакво функционира на деловни настани, свечени пригоди или модерни вечерни излегувања, секогаш оставајќи впечаток на префинета моќ и стилска сигурност.
Со ова парче, ELENA LUKA уште еднаш покажува дека внимателно го следи, но и го диктира ритамот на современата мода.
Линк до креацијата
Opulent Collar Blazer & Satin Tailored Pants Set – ELENA LUKA
Н.Т