Белата кошула спаѓа во оние класици кои одговараат речиси на секое парче облека. Иако многумина ја носат повеќе во летните месеци, не треба да ја изоставиме и кога е поладно.
Во сезоната пред нас, белите кошули ќе ги гледаме како во спортски така и во елегантни комбинации.
За да постигнете ефектен стајлинг клучно во изборот е моделот, но и материјалот. Кога сакаме да ја носиме во посвечени моменти, одбираме бела кошула од сатен или верзија со интересно деколте.
Во дневна варијанта, ова парче облека го носиме раскопчано над маичка во иста нијанса. На овој начин добиваме слоевит аутфит којшто одлично се сложува со џинс или панталони.
А како дополнување сезонава ќе ја имаме чантата од велур која ќе биде одличен партнер на белата кошула.
Фото: Pinterest