Жолтата боја е бојата на сонцето и зрачи со ведрина, топлина и позитивна енергија. Токму таа боја која е доста застапена и во природата во есента која допрва ќе ни дојде, ја избравме за денешната мотивација да го измените просторот во кој живеете и да вметнете доза свежина и оптимизам.
Без разлика во која просторија сакате да ја направите промената и да имплементирате жолто, верувајте дека ќе ви го разубави просторот и ќе се чувствувате посреќно заради светлината која ќе ви ја овозможи моќта на оваа јака основна боја.
Ние ви издвоивме повеќе примери за вметнување на жолтата боја во дневната соба, спалната, кујната и бањата, а ваше е да црпите инспирација и да се одлучите за оваа раскошна боја.
Во дневната и спалната соба можете да ги бојадисате ѕидовите или да ставите завеси во жолта боја, или пак, постелнината на креветите може да ја изберете во жолто. Во кујната, можете самите кујнски елементи да ги изработите од жолта иверка, а во бањата можете да се решите за жолти плочки.
Се надеваме дека ви дадовме колоритна идеја во овие врнежливи денови.
Фото: Pinterest