Блескавата тишина на Белиот храм во Тајланд

Ват Рон Кун со сигурност е една од најнеобичните и најмагични градби во светот. Овој бел храм е сместен во Тајланд, а она што е интересно кај него е тоа што не личи на традиционална религиозна градба, туку на уметничка визија, е оживеана во камен и огледало.

Секоја површина е покриена со бел малтер и ситни парчиња огледало кои ја рефлектираат светлината. Кога сонцето ќе светне врз храмот, градбата како да „оживува“ и блеска одвнатре.

Дизајнот комбинира традиционални будистички елементи со современа уметничка визија. Мостот што води кон главната зграда, на пример, претставува премин од светот на страдање кон духовно ослободување.

Дури и деталите околу храмот често носат неочекувани, модерни и понекогаш провокативни елементи, што го прави ова место различно од сите други храмови.

Изградбата на овој храм започнала во 1997 година и сè уште се развива, што значи дека тој е жив проект што постојано се менува.

Уметникот кој стои зад ова дело сакал да создаде нешто што ќе трае и ќе инспирира генерации, но градба што ќе го разбуди човекот да размислува за доброто, лошото и духовниот пат.

Посетителите често велат дека кога се наоѓаат пред овој храм чувствуваат како да влегуваат во сон, сè е тивко, светло и речиси нереално.