
Новата колекција La Dolce Estate SS26 на ELENA LUKA претставува вистинско модно освежување на домашната сцена, колекција што не само што ја слави женственоста, туку ја претвора модата во уметнички израз на слобода, елеганција и автентичност.
Препознатливата естетика на брендот и овојпат добива современа интерпретација, каде префинетите линии, романтичните текстури и лесните силуети создаваат модна приказна инспирирана од безгрижното лето и суптилниот луксуз.
Во фокусот на колекцијата се издвојува плисираното здолниште Poisia, лелеаво миди парче кое плени со својата леснотија и нежна динамика. Изработено од лесна ткаенина со точки, здолништето носи меко романтично движење што грациозно ја следи секоја линија на телото. Волуменозната силуета создава чувство на слобода и елеганција, додека текстурата со точки внесува суптилен винтиџ шарм што му дава дополнителна уникатност.
Миди должината на Poisia Skirt ја задржува софистицираноста на парчето, правејќи го идеален избор за современата жена која сака комфор, но не се откажува од впечатлив стил. Во комбинација со Poisia Top, се создава романтичен летен ансамбл во кој чистото кроење и женствените детали совршено се надополнуваат. Носено самостојно, здолништето внесува свежина и префинетост во секојдневниот летен изглед.
Со La Dolce Estate SS26, ELENA LUKA уште еднаш потврдува дека модата може да биде повеќе од тренд, таа може да биде емоција, став и уметност што се носи.
Линк до креацијата
Poisia Skirt and Top – ELENA LUKA
Н.Т