
Крајот на оваа работна недела го посветуваме на спортската елеганција. Петочки носиме плисирано, миди здолниште во крем нијанса во комбинација со крем блуза.
Овие две парчиња ги дополнуваме со сив блејзер и бели старки.
Финишираме со кафеав ремен и чанта во иста боја.
Ви посакуваме убав викенд.