Понеделник е за елегантни вибрации

Работната недела ја започнуваме во елегантно издание. Понеделнички носиме сиво, макси здолниште и класична, светло сина кошула.

На овие две парчиња додаваме високи потпетици во сјајна, беж нијанса. Финишираме со кафеав ремен и чанта во ист тон.

Ви посакуваме убав ден.