
Изгледаат елегантно во секоја животна доба, а ова се нивните три главни правила.
Парижанките се познати по беспрекорниот моден вкус, и изгледаат совршено во секоја животна доба. Тие многу добро знаат да изберат феноменална комбинација која ќе ги истакне сите нивни атрибути, ќе им ги избрише годините од лицето и ќе даде свеж изглед.
1. Минимализам со акценти
Парижанките во 50-тите избираат едноставни, безвременски парчиња кои зрачат елеганција, како кроени панталони, квалитетни палта, бели кошули и балетанки.
Но младешкиот изглед го постигнуваат со додавање интересни детали како свилени марами, впечатлив накит или модерни чевли. Клучот е да се задржи софистициран, а не пренатрупан изглед.
2. Совршено вклопени кроеви
Избраната облека мора совршено да одговара на фигурата.
Парижанките не бегаат од кројачи што ја прилагодуваат облеката на нивното тело, бидејќи добро скроено сако, фустан или панталони визуелно ја издолжуваат фигурата и даваат послаб и помладешки изглед.
3. Чувство за бои и природни тонови
Парижанките во оваа доба често избираат неутрални и природни бои, беж, темно сина, бела и црна.
Овие бои изгледаат софистицирано и ѝ ласкаат на кожата. Повремено додаваат освежувачки бои како црвена или сенф жолта преку детали (шал, кармин, чанта) за да го освежат целокупниот изглед.
Дополнителни совети:
Природни материјали, памук, свила, кашмир и лен секогаш се прв избор, бидејќи изгледаат луксузно и се удобни за носење.
Шминка и фризура, дискретна шминка и уредна фризура (како скратена или благо брановидна коса) секогаш придонесуваат за младешки изглед.
Парижанките знаат дека стилот и самодовербата се клучни за добар изглед, без оглед на годините!
Н.Т
Дополнителни совети: