Германската суперманекенка Хајди Клум откри дека токму нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, ѝ помогнал да го промени начинот на кој гледа на сопственото тело, години откако модната индустрија постојано ја притискала да биде што послаба.
Клум, која во јуни го прослави својот 53. роденден, од 2019 година е во брак со 36-годишниот гитарист на германскиот бенд Tokio Hotel.
„Треба повеќе да јадеш“
Во интервју за Us Weekly, Хајди открила дека токму нејзиниот сопруг бил првиот што ѝ рекол дека изгледа подобро кога има неколку килограми повеќе.
„Мислам дека со годините изгледаме подобро кога не сме премногу слаби. Мојот сопруг беше првиот што ми го кажа тоа. Ми рече: „Треба повеќе да јадеш. Ќе изгледаш подобро ако имаш малку повеќе месо на коските““, раскажала Клум.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret признава дека ваков совет речиси никогаш не се слуша во светот на модата.
„Тоа е нешто што никој не ви го кажува во оваа индустрија, затоа што од вас секогаш се очекува да бидете послаби отколку што сте“, вели таа.
Денес и самата смета дека сопругот бил во право.
„Кога ќе ги погледнам старите фотографии, си велам: Во право беше. Пропорционално изгледам многу подобро кога сум малку пополна.“
Воедно нагласи дека никогаш не размислувала да користи лекови за слабеење, како што е Ozempic.
„Тоа воопшто не ме интересира“, порача манекенката.
Години критики поради изгледот
Хајди се присети и на почетоците од својата кариера, кога честопати била изложена на остри критики.
Иако во 1998 година стана една од најпрепознатливите манекенки по појавувањето на насловната страница на списанието Sports Illustrated, претходно многумина ја потценувале и ја нарекувале „манекенка за каталози“.
„Имав снимања на кои фотографите ме тераа да плачам. Ми велеа дека не работам добро, а луѓето постојано ми зборуваа дека сум премногу дебела“, откри Клум.
Застана во одбрана на поранешниот сопруг
Во интервјуто се осврна и на својот поранешен сопруг, британскиот пејач Сил, со кого беше во брак од 2005 до 2014 година.
Таа раскажа дека и тој бил честа мета на јавни критики поради промените на кожата предизвикани од лупус.
„Луѓето знаеја да прашаат: Како може да има толку ужасна кожа? Тој има лупус и, искрено, мислам дека изгледа прекрасно“, изјави таа.
„Не можете да им угодите на сите“
Клум смета дека најважно е човек да биде задоволен од самиот себе, без разлика на мислењата од околината.
„Не можете да им угодите на сите и нема на сите да им се допадне тоа што го правите. Но, треба да се погледнете во огледало и да бидете среќни со личноста што ја гледате. Јас го пронајдов своето место и, еве, сè уште сум тука“, порача таа.
Со Сил има три деца – синовите Хенри и Јохан, како и ќерката Лу, а музичарот ја одгледуваше и нејзината постара ќерка Лени, која Хајди ја доби од претходна врска.
Кога не работи, манекенката најмногу ужива да го поминува времето на плажа со својот сегашен сопруг Том Каулиц.
Години критики поради изгледот
Застана во одбрана на поранешниот сопруг
„Не можете да им угодите на сите“