Креативниот директор на модната куќа Александар Меквин, Шон Мекгир ја претстави колекцијата пролет/лето на Париската модна недела.
Ирскиот дизејнер како да нè врати во 90-те и тогашната визија на Меквин, презентирајќи повторно романтика, лондонски крој, карнери и поѕирен црн фустан кој не остава многу на имагинацијата.
Целата колекција како да ја имаше ДНК-та на основачот, но низ призмата на младиот Мекгир.
Фустани во секоја замислива форма, блејзери во пар со елегантни кошули, кожни парчиња, пердуви, светки и впечатливи додатоци се нижеа на модната писта потсетувајќи на едно минато.
Мекгир ни најави и враќање на гламурозните платформи, а моделите го актуелизираа тушот за очи, но овојпат во драматично тенка верзија.
Фото: Facebook/Diego Colombatto