Зошто лицето изгледа уморно иако сте спиеле осум часа?

Доколку сте спиеле осум часа, а сепак наутро лицето ви изгледа изморено, причината не е секогаш недостигот на сон. Според експертите, многу поголема улога има квалитетот на спиењето, но и секојдневните навики.

Квалитетот на сонот е клучен

Чести будења, стрес, ‘рчење или нарушувања како апнеја при спиење можат да ја намалат регенерацијата на организмот, па лицето следниот ден изгледа без свежина и со подочници.

Дехидратацијата и исхраната оставаат трага

Недоволниот внес на вода ја прави кожата сува и без сјај, а премногу сол, алкохол и доцни оброци можат да предизвикаат отеченост на лицето. Недостатокот на железо или витамин Б12, исто така, може да придонесе за уморен изглед.

Стресот се гледа на лицето

Зголеменото ниво на кортизол поради хроничен стрес може да предизвика поблед тен, подочници и уморен израз, дури и кога сте спиеле доволно.

Свежиот изглед не зависи само од бројот на часови сон. Квалитетниот одмор, доволната хидратација, балансираната исхрана и контролата на стресот се подеднакво важни за лицето да изгледа одморено и здраво.