Делфин Арно, е најстарата ќерка на најбогатиот човек во светот, Бернард Арно, основачот и извршен директор француската луксузна групација LVMH.
Таа е ќерка од неговиот прв брак, а родена е на четврти април 1975 година.
Делфин ја започнува својата кариера во американската консалтинг компанија McKinsey & Co., а две години подоцна му се придружува на Џон Галијано во Диор со цел да добие повеќе искуство во модната индустрија.
Во 2019 Арно станува најмладиот член на извршниот одбор на LVMH на возраст од 43 години.
Делфин лани во февруари, ја презеде и директорската позиција на Dior.
Таа претпочита да не се појавува во јавност освен кога нејзиното присуство е навистина потребно, како на пример шоуто на Диор на Париската модна недела, каде седеше во предните редови за време на ревијата.
Богатата наследничка моментално живее со милијардерот Хавиер Нил со кој има две деца. Таа претходно беше мажена за италијанецот Алесандро Валарина Гансија, но бракот траеше само пет години.
За неа важи дека посветено и многу успешно си ја врши својата работа и дека е одличен познавач и почитувач на модата.
Тоа е впрочем индустријата со која е поврзана уште од најрана возраст, благодарение на нејзиниот татко.
Моментално богаството на Бернард Арно се проценува на 179 милијарди евра, вртоглава сума која во добра мера ќе припадне токму на Делфин.
Фото:Pinterest, X