Очилата за сонце не се само заштита од сонцето, туку и важен моден додаток кој може да го промени целиот изглед. Правиот модел може да ги нагласи цртите на лицето и да создаде поелегантен впечаток, но важно е да се избере според обликот на лицето.
Овално лице
Жените со овално лице можат да носат различни форми на очила, од авијатор и квадратни рамки до популарните „cat eye“ модели. Бидејќи цртите се природно балансирани, изборот е многу поширок.
Тркалезно лице
За тркалезно лице најдобро одговараат квадратни и правоаголни рамки кои визуелно го издолжуваат и дефинираат лицето. Добар избор се и „cat eye“ очилата, додека многу округлите модели можат да ја нагласат заобленоста.
Квадратно лице
Кај квадратното лице, кое има поизразена вилица, најубаво изгледаат овални и кружни рамки, како и авијатор модели. Тие ги омекнуваат цртите и создаваат поелегантен изглед.
Срцевидно лице
За пошироко чело и потесна брада најдобро одговараат авијатор очила, овални рамки и модели со понежна конструкција. Тие создаваат рамнотежа и го прават лицето похармонично.