Балконот може да биде магичен и во есен

Балконите можеби најчесто ги користиме во летниот период, но ова мало катче од домот може да биде еднакво магично и наесен.  Се што треба да направиме е да ја употребиме нашата имагинација, а доколку немаме идеја, тука се секогаш онлајн предлозите.

Светилките се универзални за секое годишни време, како и меките перничиња. Летните цвеќиња ги заменуваме со есенски, а додаваме и по некој сезонски украс, како на пример тиквите и дуњите.

Мала масичка ќе заврши голема, работа, а кога надвор ќе засвежи добредојдени ќе бидат ќебенцата.

Разнобојните есенските лисја се дар од природата којшто можеме да го користиме како декорација, а балконот ќе биде уште потопол со малечок тепих.

На пример вака…

Фотo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.