Марго Роби освојува во новата филмска реклама за легендарниот CHANEL N°5

CHANEL ја прогласи својата долгогодишна амбасадорка, Марго Роби за култно лице на легендарниот CHANEL N°5.

Роби е амбасадор за брендот од 2018 година и логичен чекор беше токму таа да биде главна улога во новата кампања за парфемот.

Заедно со неа во филмската реклама глуми и актерот Џејкоб Елорди.

Насловен како See You at 5, кампањскиот филм отсликува средба на двајца која всушност и не се остварува.

Марго добива порака “See you at 5”, (се гледаме во 5)среќна е, самоуверена, како што е и нејзиниот парфем N°5. Таа влегува во својот автомобил и тргнува на договорената средба со саканиот.

Облечена е во црвен сет, боја којашто совршено и одговара на нејзиниот шарм. Попатно се приближуваат еден кон друг, но во еден момент се разминуваат.

Од пораките двајцата дознаваат дека таа заминала кај него, а тој кај неа. Но, Марго, повторно се смее, и во црвен костим скока во океанот, односно во шишенцето од N°5.

Актерката и продуцентка секогаш одбира моќни и харизматични ликови на жени. Така е и за оваа кампања – таа е импресивна, нежна, неодолива, а истовремено силна и спокојна.

Токму како што одговара на безвременскиот CHANEL N°5 парфем.

Фото: Chanel

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.