На денешен ден е родена Ким Кардашијан

Ким е можеби најпознатата ријалити ѕвезда, заедно со нејзините сестри од семејство Кардашијан.

Патот кон славата и беше трасиран уште од најрана возраст, а особена популарност стекна со шоуто Keeping Up with the Kardashians коешто се емитуваше цели 14 години.

Нејзиниот приватен живот и не беше баш приватен, со оглед на тоа што шоуто прикажуваше голем дел од случувањата во тесниот круг на семејството.

Ким, која денес полни 44 години, се стекна со голем број на фанови, но имаше и такви кои сметаа дека таа е само разгалена богаташка.

Како и да е Кардашијан и понатаму е една од најпопуларните дами на глобално ниво. Таа е успешен претприемач и има неколку свои брендови, мајка на четири деца и голем љубител на модата и модните настани.

Ким секогаш привлекува внимание со својот аутфит, ужива пред камерите, а нејзината армија на следбеници со нетрпение го чека секое нејзино појавување, особено на црвениот тепих.

Во продолжение неколку нејзини незаборавни изданија.

Среќен роденден Ким!

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.