Среќен 57-ми роденден Џулија Робертс

Џулија Робертс е една од најпрепознатливите актерки во светот. Покрај нејзиниот докажан талент оваа прекрасна дама ја знаеме и по големата, шармантна насмевска и кадравата коса.

Робертс е родена на денешен ден пред точно 58 години. И покрај желбата да стане ветеринар, животот за неа имал поинакви карти. Започнува како модел, за подоцна да стане една од најдобрите актерки на денешницата.

Светот посведочи на ѕвезденоста на Робертс кога ја гледаше во Pretty Woman, за неколку години подоцна да освои оскар за портретирање на вистински лик во филмот Erin Brockovich.

За нејзиниот стил може да се каже дека е едноставен и префинет, а дводелните костуми и се заштитен знак.

Џулија е секогаш женствена, софистицирана, инспиративна и природна и токму затоа е голема инспирација за многу жени.

Љубител е на неутралната палета на бои, а на црвениот тепих ги преферира црните комбинации.

Стил од којшто можат да се научат многу лекции.

Среќен роденден Џулија Робертс!

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.