Кога две дами имаат разбирање и меѓусебна поддршка следуваат врвни резултати. Една таква успешна соработка се случи неодамна помеѓу Пенка Мукаетова, член на Управниот одбор на ССКМ и нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Пенка носеше величенствена креација од модната куќа, во која што и даде една гламурозна софистицираност на свеченоста по повод 17 годишнината од Сојузот.
За убавата прилика таа изјави:
Како жена во деловниот свет секогаш се трудам мојот личен и професионален имиџ да биде доследен на вредностите кои ги негувам. Верувам дека изгледот е важен дел од првиот впечаток и силен инструмент за комуникација кој ја пренесува пораката за вашата посветеност и сериозност во професионалното делување.
Во таа насока е и соработката со ЕЛЕНА ЛУКА, која за мене е многу повеќе од модна куќа, таа е вистински партнер во создавањето на еден автентичен и уникатен стил кој зборува за вас без да изговорите ни збор. Нивната способност да ги спојат класичната елеганција ии современите модни трендови ја прави оваа соработка не само пријатна, туку и извонредно успешна.
Она што особено ме импресионира кај ЕЛЕНА ЛУКА е нивното разбирање на потребите на модерната деловна жена. Тие не креираат само облека, тие создаваат уметност која е функционална, носива и исклучително впечатлива. Секој дизајн е внимателно осмислен до најмалите детали, со фокус напрефинетост и уникатност. Материјалите што ги користат се со врвен квалитет, а изработката е совршено прецизна.
Соработката со ЕЛЕНА ЛУКА, конкретно со Елена Пандева, креаторката на брендот и жената која што речиси две децении ја држи македонската мода на највисоко ниво, не е само избор за мода – тоа е избор за поддршка на домашниот квалитет, креативност и иновација. Елена, инаку моја лична и долгогодишна пријателка, е симбол за успех на македонскиот дизајн. Убедена сум дека секогаш кога носам нивни креации, чувствувам гордост што сум дел од нивната приказната и што имам таква пријателка од доверба.