5-те наjвпечатливи моменти на црвениот тепих на дизајнерот Блази за Bottega

Веста која ја одбележа изминатата недела во светот на модата е преминот на дизајнерот Метју Блази, од Bottega Veneta во Chanel. Тој како нов креативен директор на Chanel, е подготвен да отвори ново поглавје за оваа легендарна модна куќа.

Додека со нетрпение ја очекуваме неговата дебитантска колекција за Chanel во октомври 2025 година, да се потсетиме на неговите уникатни креации кои блеснаа на црвениот тепих за време на неговата работа во Bottega Veneta.

Марго Роби

Во текот на трите години поминати во Bottega Veneta, Блази создаде незаборавни стајлинзи за најголемите ѕвезди во светот. Од модерната софистицираност на Марго Роби до смелата уникатност на Зендеја, секоја комбинација беше доказ за неговото извонредно чувство за детали и иновација.

Зендеја

Без разлика дали беше во прашање елегантен фустан за Џулијан Мур или современ, храбар изглед за Дуа Липа, неговите креации редовно го привлекуваа вниманието и доминираа на насловните страници.

Џулијан Мур

Дуа Липа

Покрај тоа што го редефинираше стилот на црвениот тепих, неговиот мандат во Bottega беше обележан со култни додатоци и револуционерни моменти на модната писта.

Ријана

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian