Струкираните модели се враќаат на модната сцена

Според она што можеме да го видиме на социјалните мрежи сеприсутната oversized естетика отстапува место на струкираните блејзери и капути.

Овие внимателно скроени, струкирани форми се спротивност на лежерните и слободни кроеви што ги гледавме претходните неколку години.

Модата како и културата е флуидна и постојано се менува, и сега можеби повеќе од било кога на ред е враќањето на дефинираните кроеви кои се синоним за сигурност и авторитет.

Кога носиме струкирани модели на некој начин се чувствуваме како да ги држиме конците во свои раце.

Враќањето на овие парчиња на сцена, се должи и на потребата и желбата за промена на естетиката кога стануваме презаситени oд одреден тренд.

Добро знаеме дека струкираните модели на неодолив начин го нагласуваат струкот, ставјаќи акцент на женственоста. Тие се одлични за комбинирање, со оглед на тоа дека и самите се доволни за да привлечат внимание.

И да не заборавиме дека една дама изгледа совршено моќно во макси струкиран капут.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian