Тренд за коса од Gen-Z што можат да го носат и повозрасните

Трендовите за коса можеби се менуваат, но некои стилови ги надминуваат генерациските разлики. Пример за тоа е елегантниот изглед со плетенки на, Лили-Роуз Деп, ќерката на Џони Деп на премиерата на филмот „Nosferatu“ во Лос Анџелес.

Со само 25 години, ѕвездата која припаѓа на Gen-Z ги истакна своите руси прамени со две совршено стилизирани плетенки кои го обликуваа нејзиното лице. Фризурата подготвена од стилистот за коса Брајс Скарлет му додаде модерен шмек на нејзиниот комплетен стајлинг.

Убавината на овој омилен стил на Gen-Z е во тоа што совршено им одговара и на повозрасните. Заклучокот е дека тајната е во финишот. Заборавете ги лежерните, бохо плетенки од минатото и одлучете се за мазна, сјајна верзија која изгледа модерно и елегантно.

Преку овој тренд може уште еднаш да се потсетиме дека добриот стил не познава старосни граници.

Извор: Vogue.co.uk

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian