Мода со срце: ЕЛЕНА ЛУКА креираше за децата со даунов синдром

Рачно изработените уникатни креации на ЕЛЕНА ЛУКА им помогнаа на две дечиња со даунов синдром да се чувствуваат прекрасно и посебно како дел од настанот „Убави сме, свои сме“. Манифестацијата традиционално по 8- ми пат се одржа во саботата во преполнетата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Реномираната модна куќа ЕЛЕНА ЛУКА која како општествено одговорна компанија  го поддржува овој настан 8 -ми пат по ред, изработи две впечатливи креации во црно- бел дизајн согласно концептот на ревијата. На настанот присуствуваше и ЕЛЕНА ЛУКА која објасни дека дизајните на креациите биле custom-made и инспирирани од децата кои истите ги носеле.

„ЕЛЕНА ЛУКА со години е дел од вакви манифестации. Иако за прв пат во Струмица и лично се појавив, ние со години работиме заедно со здружението „Вера“ за деца со даунов синдром. Ова е една сериозна манифестација која преминува во традиција, оваа голема модна ревија веќе зазема сериозни размери. ЕЛЕНА ЛУКА настапи со два модели. Прекрасни наши соработнички, два ангели носеа уникатни креации на ЕЛЕНА ЛУКА, кои беа рачно изработени. Оваа година концептот беше врзан со боја, црно-бел дрес код, како насока за изведба на креациите, така што се движевме во тие рамки и мислам дека направивме одлична работа.“- истакна ЕЛЕНА ЛУКА.

Според ЕЛЕНА ЛУКА спојувањето на модата и лицата со попреченост е многу важно затоа што во самите креации е вткаена нивната енергија и нивниот карактер и истите се неповторливи.

„Ги спојуваме креациите на ЕЛЕНА ЛУКА, заедно со тие убави ангели и мислам дека инспирирани од нивната енергија создаваме креации кои се одлични по естетика, меѓутоа внимаваме и на функцијата. Уште побитно е дека тие даваат карактер на сето она што се креира, тоа се уникатни креации, посебни, со посебна енергија, вткаена во нив. За ЕЛЕНА ЛУКА победата е во тој момент кога секој дизајн и креација добива своја енергија, свој карактер, од личноста која го носи, така што мислам дека имавме полн погодок.“- истакна ЕЛЕНА ЛУКА.

Познавачите на модата точно можат да го проценат тоа што ЕЛЕНА ЛУКА го внесе во овие креации – истакна ЕЛЕНА ЛУКА посочувајќи дека брендот е пресреќен дека можел да соработува со овие деца кои со гордост ги носеле самите креации.

„Се надевам дека се почесто ќе има вакви настани, сите ние се бориме како општествено одговорни компании, кои не размислуваат само колку ќе заработат туку колку ќе го подобрат животот на другите. Заедно со мојот тим стоиме зад тоа дека треба да градиме општество каде што буквално секој поединец ќе може да ги покаже своите можности, каде на секој може да му се чуе гласот и каде што ќе се види креацијата. Мораме да обезбедиме таква инклузивна заедница каде ќе можеме сите заеднички да твориме и да направиме едно подобро место за живеење на сите нас.“- порача ЕЛЕНА ЛУКА.

Настанот „Убави сме, свои сме“е во организација на Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера”. Оваа година водителката на настанот беше облечена во модел на ЕЛЕНА ЛУКА. Како и изминатите години хуманитарната модна ревија на лица со попреченост беше изведена во придружба на познати јавни личности.

Бојана Стевческа

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian