Една од омилените дестинации во зима, особено за љубителите на зимските спортови, се Француските Алпи.
Одличните скијачки терени, природните убавини на планините, како и сместувачките капацитети се навистина импресивни за секој посетител.
Едно исклучително привлечно место се наоѓа токму на овој дел од Алпите. Оваа идилична зимска дестинација го носи името Аворијаз и се протега на висина од 1800 метри.
Тука ќе најдете голем број на хотели, апартмани и колиби коишто во најголем дел се изградени од дрво.
Во Аворијаз нема сообраќај, а за да ги пренесете вашите работи, меѓу другото можете да изнајмите и санки коишто ги влечат коњи.
Ова модерно алпско село изгледа навистина магично особено навечер. Снежната покривка ја има во изобилие, а покрај скијањето во понудата вклучени се и многу други активности како бордање, возење со санки што ги влечат кучиња, нордиско скијање, возење со кочии…
Импресивно е тоа што во Аворијаз има дури 30 снежни паркови коишто се одлична забава особено ако патувате со деца.
Ако се одлучите да останете во затворено, тука е и аквапаркот Aquariaz каде што владее посебен амбиент.
Вистинска зимска идила на Алпите.
Фото: Instagram